Loading Video...
Свет
26. August 2021 - 16:48

Трета доза вакцина штити од тешко заболување од ковид

Трета доза примена вакцина штити и до 97 проценти од тешко заболување од ковид-објавија израелските медиуми.

Според израелското министерство за здравство третата доза почнувала да дејствува  16 дена по нејзино аплицирање.

Во Израел која беше една од првите земји кои го почнаа процесот на имузијација, со засилувачка доза од почетокот на месецот се вакцинирани 1,7 милиони луѓе.

Од вторникот можност да го зголемат борјот на антитела на овој начин имаат и Израелците над 30 години, а над 70 проценти од возрасните над 70 години веќе се боцнале по трет пат.

Дека третата доза доволно штити, најнови податоци достави и компанијата Фајзер Бионтек во САД. Според нивната студија во трета фаза, третата доза од оваа вакцина создавала 3 пати повеќе антитела.