Македонија
24. јуни 2022 - 13:04

Транспаренти „Македонија е Бугарија“ во бугарскиот парламент | ФОТО

Пратениците од „Преродба“ во бугарското Народно собрание кренаа транспаренти со натпис „Македонија е Бугарија“.

Овие транспаренти се појавија во собранието за време на говорот Костадин Костадинов, кој го критикуваше „Францускиот предлог“.

„Целта на Макрон не е да го реши бугарското национално прашање, туку да си ги реши неговите проблеми во државата. Франција како една опаѓачка сила нема со што да се пофали, освен да каже дека ја замолчела Бугарија“, кажа Костадинов.