СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
Никаков ефект не дадоа владините мерки за замрзнати маржи минатиот месец.
Статистичките податоци покажуваат дека цените на мало во октомври се намалиле за само 0,1 отсто. велат од СДСМ. Затоа бараат владата под итно да ги прифати предложените закони, кои би го подобриле животниот стандард на граѓаните
- Да се усвои Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра.
- Да се усвои Законот за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно.
- Итна да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените.
Овие пакет решенија на СДСМ ќе значат намалување на цените, зголемување на платите односно повеќе пари за граѓаните и семејните буџети, изјави Јована Тренчевска, СДСМ.
Неприфатлив е ваквиот предлог за ВМРО ДПМНЕ, повторија уште еднаш од владејачката партија. Велат дека не е во ред луѓеото кои го зголемија даноците на храната, сега да бараат истата да се продава без ДДВ
Парадоксално е да држат прес личности кои што во претходниот мандат имаа интегрална улога во распадот на економскиот систем и животниот стандард. Луѓето што ја разурнаа македонската економија и што стандардот на граѓаните го донесоа на дното, сега со лажна грижа нудат нецелосни решенија што не можат да го подобрат животот на граѓаните. изјави Александар Јамалов, ВМРО ДПМНЕ
Минатата година владата на СДСМ го зголеми ДДВ то од 5 на 10 отсто на над 1,000 производи, кои ги нарече луксузни. Но меѓу нив имаше и за секојдневна употреба, како компир, сирења, кашкавали, ориз.,зденка, тпавлака и слично.. Тогаш од ВМРО ДПМНЕ бараа наместо згоелемување, основните производои да се даночат со нулта стапка. Ваквиот предлог 4 пати им беше одбиен од СДСМ, со образложение дека имаме најниски даноци за храна во Европа.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар