Трамп тврди дека ужива поголема поддршка од кога било претходно
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска истакна дека поддршката за него е многу посилна од информацијата дека некои републиканци ја планираат без него кампањата за претендент за кандидат за претседател во 2020 година.
Трамп на неговиот Твитер налог наведе дека неговата база на приврзаници е „многу поголема и посилна од кога и да било претходно (и покрај многубројните лажни податоци од наводно спроведени истражувања)“.
Тој конкретно го критикуваше весникот „Њујорк тајмс“, бидејќи минатиот викенд пишуваше дека некои републиканци, вклучително и заменикот-претседател на САД Мајк Пенс, планираат кампања за американските претседателски избори во 2020 години без Доналд Трамп. Оваа информација претседателот на САД ја оквалификува како невистинита.
Американскиот претседател потенцираше дека „историјата“ за лажните вести за тајниот договор со Русија, рекордното покачување на берзата, безбедноста на границите, воените сили, работните места, одредувањето на кандидатот за Врховниот суд, економскиот раст, дерегулација, како и многу други нешта, се повеќе го зголемуваат бројот на неговите приврзаници.
- Тоа никогаш нема да се промени, нагласи Трамп.
Ново на Сител
-
Војната во 2001-та вистински предизвик за известување за младата редакција на Сител
-
Информативната редакција на Сител со Марјан Ѓуровски
-
Информативната редакција на Сител со Јасминка Аневска
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница