Трамп сака да го зголеми нуклеарниот арсенал на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да го зајакне нуклеарниот арсенал на САД за да ја гарантира водечката позиција на земјата во светот.
Во првиот коментар за американскиот нуклеарен арсенал, откако стапи на должност на 20 јануари, Трамп изјави дека САД „заостануваат во нуклеарниот вооружен потенцијал“.
- Јас сум првиот, кој би сакал да ги види сите во ситуација кога ниту една земја нема да има нуклеарно оружје, но ние никогаш нема да заостанеме зад која и да е земја, дури и пријателска, никогаш нема да изостанеме во нуклеарната сила, изјави тој во интервју за Ројтерс, јави БТА.
- Би било неверојатно, би било остварување на сон ниту една земја да нема нуклеарно оружје, но ако земјите имаат нуклеарно оружје, ние ќе бидеме на чело на глутницата, додаде Трамп.
Тој изрази незадоволство поради тоа што Русија распоредила крилеста раката при што го нарушила договорот за контрола на вооружувањето и изјави дека ќе го покрене ова прашање пред рускиот претседател Владимир Путин, кога ќе се сретне со него.
Ново на Сител
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
-

Јане Ченто поднесе пријава против Русковска за 27 април
-

Избегната трагедија во Охрид – Параглајдер слета меѓу луѓе
-

Семејното насилство во пораст, зошто мерките не даваат ефект?
-

Центар за хронични рани и гангрени ќе се гради во состав на геријатрија „13 Ноември” - Скопје
-

Почна реконструкцијата на Универзалната сала
