Трамп: Иран да биде внимателен
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека му е „подобро да биде внимателен“, откако Техеран најави дека наскоро ќе го зголеми нивото на збогатен ураниум над лимитот, договорен со нуклеарниот договор од 2015 година.
Пред заминувањето за градот Морстаун, во Њу Џерси, Трамп на новинарите им даде коментар и за ставовите на британскиот амбасадор во САД, Ким Дерок, кој ја критикуваше неговата админситрација,
Тој кажа дека Дерок не и служел добро на Велика Британија, пренесоа западните медиуми.
Британскиот амбасадор во САД оцени дека администрацијата на Трамп е неспособна и дефункционална и дека има мала веројатност да се подобри, се открива од дипломатските депеши што протекоа во јавноста.
Британскиот Форин офис не ја оспори автентичноста на документите, но наведе дека нивното објавување претставува „штетно однесување“ и дека јавноста очекува дипломатот да понуди искрени проценки на политиката во земјата во која е на служба.
Во докуменотите, што ги објави „Мејл он Сандеј“ политиката на Трамп за Иран се оценува како „некохерентна и хаотична“.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани