Трамп и Хилари Клинтон победници во Аризона
Претендентот за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп и Хилари Клинтон, фаворит за номинација на Демократската партија, победија на внатрепартиските избори во Аризона.
И Трамп и Клинтон со победата на вчерашните прелиминарни избори во државата со 6,7 милиони жители, го зголемуваат водството во рамки на своите партии, јавуваат американски медиуми објавувајќи прелиминарни резултати.
– Многу поголема победа во Аризона отколку што очекувавме. Ви благодарам, нема никогаш да заборавам, напиша Трамп на Твитер.
Американскиот милијардер добил околу 46 отсто гласови во споредба со 22 отсто колку што освои сенаторот од Тексас Тед Круз и 10 отсто колку што доби гувернерот од Охајо Џон Кејсик.
Клинтон според проценките, забележа убедлива победа со 60,5 отсто гласови, наспроти 36,9 отсто гласови колку што доби сенаторот Берни Сандерс, нејзин противкандидат.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек