Трамп: Дали јас ќе станев претседател ако немаше социјални мрежи - најверојатно да
Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер одговори на прашањето дали воопшто ќе станеше шеф на Белата куќа ако немаше социјални медиуми и порача дека ќе замине од власт дури во 2033 година.
– Белата куќа ќе биде домаќин на многу голем и многу важен Самит на социјалните мрежи. Дали јас ќе станев претседател ако немаше социјални мрежи? Да (најверојатно)! По неговото завршување, сите заедно ќе одиме на прес- конференција за пописот и државјанството, напиша Трамп на Твитер.
Во својот следен твит, тој оцени дека лажните вести не се подеднакво важни, ниту толку моќни како социјалните мрежи, предвидувајќи пропаст на медиумите кои објавуваат лажни вести.
– Кога конечно ќе го напуштам кабинетот за шест години или можеби десет или 14 години (јас само се шегувам), тие наскоро ќе бидат надвор од бизнисот поради недостиг на кредибилитет или јавна поддршка, напиша Трамп во серија пораки во кои себеси повторно се нарече „Стабилен гениј“.
Трамп потоа прогнозираше и пропаст на социјалните мрежи.
– Жалам што морам да кажам дека дури и социјалните мрежи ќе останат без работа заедно и конечно со медиумите кои објавуваат лажни вести, наведе Трамп.
Ново на Сител
-
Наставници од СОУ „Ванчо Прќе“ во Виница ја бојкотираат наставата
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија е далеку од гасификација: Преносната мрежа не е готова, дистрибутивната не е ниту почната
-
Вредностите на манганот во водата во Струмица околу границата на исправност
-
Сите за правично судење: Загрижувачки е изборот на директор на Академијата за судии
-
Министерката влезе во „Кузман“ да провери како тече реконструкцијата
-
Османи нуди план за менување на уставот - да се вметне клаузула за суспендирање на уставните измени
-
Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ