Наставници од СОУ „Ванчо Прќе“ во Виница ја бојкотираат наставата
Наставниците од гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница ја бојкотираат наставата, а учениците останаа надвор од школските клупи. Причина за мирниот протест пред училиштето е разрешувањето на досегашниот директор и назначување на нова В.Д. директорка. Незадоволни се зашто изминатите години од нејзина страна биле изложени на мобинг.
- Државниот просветен инспекторат констатираше дека константно трпиме насилство, мобинг, уцени, притисоци и закани, a чија сестра е секретар во училиштето, а нејзиниот сопруг е наставник во истото училиште. Сметаме дека градоначалникот Миле Петков создава услови за непотизам со нејзиното назначување и ја нарушува интимата и угледот на училиштето, а не ја почитува ниту одлуката на училишниот одбор, изјави Јадранка Здравкова, професор во СОУ „Ванчо Прќе“- Виница
Градоначалникот одлуката за смена на досегашниот директор ја правда со утврдени неправилности во неговото работење.
- Согласно Законот за средно образование назначивме нов В.Д. директор, не подолг од 6 месеци и тоа кандидат кој ги исполнува сите услови за директор. Моментално во гимназијата има двајца кандидати и директорката која ги исполнува условите, изјави Миле Петков, градоначалник на Виница
Петков додаде дека во наредниот период ќе има јавен оглас на кој ќе можат да се пријават сите кандидати кои ги исполнуваат условите. Наставниците се заканија дека доколку градоначалникот не ја смени одлуката бојкотот на наставата ќе продолжи.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар