Трагедија: Момче се задавило со својата маичка додека берело пченка
Драган Триван (28) од Бачки Грачац кај Оџак го задавила маичката додека берел пченка на нивата во тоа место.
Според едната верзија, Драган завчера паднал под машината за берење пченка, чии ремени ја стегнале маичката на несречното момче и го задавила.
-Не се исклучува и можноста дека Драган нешто поправал околу машината која му ја зафатила облеката и го усмртила, вели извор од истрагата.
Драган вчера е погребан на локалните гробишта, а на вечното почивалиште го испратија неколку стотици луѓте.
Зад него останаа сопругата Љиљана и синот стар само 20 дена.
-Сите сме во шок. Никој не знае како точно се случила трагедија. Беше вреден и момче за пример. Градеше куќа во близина на родителите. Се ожени во декември минатата година и тогаш правеа свадба. Зад себе ги остави родителите и постарата сестра чиј маж почина во едно кафуле. Изгледа од инфаркт. Сестрата има две малечки деца и Драган се грижеше и за нив, вели еден од жителите.
Ново на Сител
-
Есенската кошничка според СДСМ е фијаско
-
Заврши јавната расправа за Национална стратегија за сајбер безбедност
-
Герасимовски со отчет за тригодишниот мандат
-
Кочанчани се поделија, едни остануваат на блокадите, а други се повлекуваат
-
Скопје домаќин на 12-ти меѓународен симпозиум денови на Јустинијан Први
-
Преглед на вестите од светот
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ