Најмалку осум жртви откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад
Милан Ѓуриќ, градоначалникот на Нови Сад изјави дека се повредени најмалку 30 луѓе откако се урна настрешница на железничката станица, а министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потврди дека најмалку осум лица загинале во несреќата.
-Од урнатините се извлечени осум тела, четворица се живи, на едно лице му се ампутирани нозете. Во контакт сме со две лица под урнатините, изјави Дачиќ.
Дачиќ изјави дека спасувачите биле на местото на несреќата неколку минути по повикот и дека во спасувањето учествуваат околу 80 спасувачи од повеќе градови, но истакна дека кцијата е исклучително тешка.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ изјави дека ќе инсистира да се најдат одговорните и оние кои морале да ги предупредат надлежните дека одредени работи мора да се поправат.
-Ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад и страшна трагедија. Во име на Владата и на сите граѓани на Србија, сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите. И да им се заблагодарам на сите спасувачи кои се борат да им помогнат на луѓето под урнатините, истакна Вучевиќ.
Ново на Сител
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово
-
Шекеринска одржа прием и им се заблагодари на сите чинители за поддршката
-
Украина објави дека руската ракета истрелана кон Дњепар развила брзина поголема од 3.773 метри во секунда
-
Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје