Ти си се на мајка, ќе дојдам по тебе - одекнуваа на гробиштата лелеците на мајката на детето што се обеси
Милан Т. (12) кој се обеси на таванот од својата куќа додека се подготвувал за поправен испит, вчера е погребан на гробиштата во село Жељуша кај Димитровград. Сите кои дојдоа на последното испраќање на ученикот од шесто одделение од ОУ Христо Ботев во Димитровград длабоко беа потресени од последното простување на мајката од својот син.
-Среќо мајкина! Сине мој, мајкина сило, гордост и надеж! Ти си се на мајка. Јас не можам без тебе, ќе дојде мајка - лелекаше неутешната мајка.
Плачеа и сите присутни без оглед на возраста: семејството, соседите, другарите.
Бабата Добрила вели дека таа не може да го дочека новото утро без поздравот на Милан: „Добро утро бабо“.
-Кутрото семејство. Вредни и пожртвувани луѓе. Цел живот црнчат, работат на децата да им создадат се, вели бабата Добрила.
Учениците, пак беа разочарани што се појавија само неколку учители и наставници од училиштето.
-Милан беше одличен другар и многу активен во училишниот оркестар, токму и се подготвувавме, вели низ солзи неговиот другар.
-Се слушнавме тој ден. Рече дека учи и дека е сигурен оти ќе положи англиски. Ништо не насетуваше на трагедијата, велат неговите другари.
Инаку Милан беше пронајден во вторникот обесен со кабел на таванот од семејната куќа.
Според неофицијалните информации и она што можеше да се слушне од мештантие, се претпоставува дека мотивот за самоубиството најверојатно бил поправниот испит од англиски јазик кој се наближувал.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши