Теута Арифи: Се стремиме кон зголемена дигитализација на општинските услуги
Градоначалничката на Тетово и кандидатка за нов мандат, Теута Арифи денеска учествуваше на трибина на која се дискутираше за дигитализација на општинските услуги и зголемување на транспарентноста од тој аспект. Таа посочи дека цел на локалната власт е да има што повеќе услуги за граѓаните кои ќе може да се направат преку електронски пат.
-Од минатато искуство значи поучени сме дека кога можеме електронски да дадеме некоја услуга тоа не само што е потранспарентно туку и побрзо, токму поради тоа нашиот ангажман во овој правец е да ги зголемиме таквите услуги и да имаме е-општини, дигитална општина. Издавањето дозволиза градење веќе одат електронски, сакаме и сите други услуги и за другите дејности. Пример во однос на прашања од правен сектор, мислења и други правни обрвски ако одат електронски добиват динамика и поинаков тек, изјави Арифи.
Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири кој беше дел од трибината посочи дека Министерството се посветени на процесот со цел што повеќе услуги да бидат достапни по електронски пат за граѓаните.
-Постојат околу 1000 услуги кои ќе треба да се дигитализирааат на ниво на институциите и на централна и на локална власт. Институциите се во процесите вклучени, ќе почнат да комуницираат електронски, има системи кои се завршени и има кои се во процес на завршување, посочи министерот Јетон Шаќири.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек