Тетовец повреден при пад од кров
Дваесет и едногодишниот М.А. од Тетово вчера се здобил со тешки телесни повреди при пад од кров.
Како што информира МВР, вчера во 13.10 часот во ПС-Тетово се јавил Ш.Н.(32) од село Џепчиште, сопственик на фирма за изведување градежни работи на кровни конструкции со лим и пријавил дека од страна на М.А.(21) од Тетово, бил ангажиран да изведува градежни работи.
Додека работеле на кровната конструкција на објектот, М.А. се качил на кровот за да ја надгледува нивната работа и во еден момент додека разговарал на мобилен телелефон, од невнимание згазнал на стара лесонитна табла која се скршила, при што паднал од висина од околу 6-7 метри на бетонската подлога.
Од страна на екипа од Итна медицинска помош повредениот со амбулантно возило бил пренесен во Клиничката болница -Тетово и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите кој ги имал во пределот на главата и телото бил префрлен во Ургентен Центар -Скопје.
Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Тетово.скс/13:17
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот