-->
-->
Тешко повреден чувар на кумановската депонија
-->
Вчера во 13.50 часот во ПС Куманово Б.В. (41) од с. Пчиња, кумановско, вработен како чувар на депонија за смет на м.в „Краста“ сопственост на ЈП „Чистота и Зеленило“ - Куманово, пријавил дека на работното место бил физички нападнат од непознат сторител.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОКТУПА при СВР Куманово, при што било констатирано дека Б.В. забележал повеќе лица кои влегле на депонијата и собирале предмети.
Кога им рекол да ја напуштат депонијата физички бил нападнат од Б.С. (32) од Куманово, кој му нанел тешки телесни повреди. Б.В. бил пренесен на Хирушко одделение во Куманово, од каде како итен случај бил пренесен во Клиничкиот центар-Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите