Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш
На 03.08.2024 во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш кај „Василевска крстосница“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(58) од Штип, патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(75) од село Раклиш, радовишко и патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано на Т.Г.(28) од село Иловица, општина Босилово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.Ф.(60) од Штип, од возилото „опел корса“, а со телесни повреди се здобиле возачите В.С. и М.Џ. и уште двајца сопатници од возилото „опел корса“ К.Ф.(66) и Л.С.(55), двајцата од Штип, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Ново на Сител
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела