Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
Комитетот ја почна истрагата во М-НАВ. Од контролорите се побарани документи и записи за утврдување на причините поради кои двата турски авиони се соочиле со сериозен инцидент на небото над Миладиновци. За неколку дена се очекува првичниот извештај.
- Денеска испративме прашалник кои информации ги бараме од М-НАВ по што ќе направиме анализа. Ќе се земат сите фактори во предвид. Сега е многу рано и несериозно да се даде каков било заклучок. За овие 7 години успешно сме спровеле истраги на повеќе инциденти како авионска несреќа, инциденти со параглајдери. Ние не утврдуваме одговорност, ние бараме причина.
Од М-НАВ не се достапни за одговор што е побарано од кај нив и дали турската агенција за воздухопловство се вклучила во истрагата. Според информаициите, пилотката на Туркиш Ерлајнс веднаш го пријавила случајот. Од снимка во медиумите, таа во моментот реагира дека не ги слуша ништо контролорите на М-НАВ и дека се вклучил алерт од ТКас системот и ќе постапи по инструкциите.
Со извештај се уште не се готови ниту од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Доколку некоја од овие институции укаже на елементи на евентуално кривично дело и Обвиниелството ќе отвори истрага за М-НАВ.
Од Здружението на контролори на летање реагираа јавноста да го почека извештајот на институции и потенцираат дека апликацијата Флајт радар24 не е релевантна алатка за давање точна позиција во реално време на воздухопловите.
Според снимката на Флајт радар24 инцидентот над Миладиновци бил за влакно избегнат, авионите на Туркиш и Санекспрес кои летале директно еден кон друг, успеале за неколку секунди да реагираат и да се разминат на околу 300 метри висинска разлика за да спречат огромна катастрофа.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар