Македонија
7. јуни 2017 - 10:09

Тешка сообраќајка - Велосипедист се бори за живот

 
Скопјанецот Ж.К. (72) се бори за живот во Клиничкиот центар по сообраќајна несреќа која вчера околу 13 часот се случила на крстосницата со улиците „4 јули“ и „Вера Циривири Трена“.
 
Според информациите од полицијата во велосипедистот удрил автомобил „Мерцедес“ управуван од 27 годишниот Е.Х. од Сарај.
 
Велосипедистот со тешки повредени е пренесен во Клиничкиот центар каде се наоѓа во животна опасност. На местото на несреќата извршен е полициски увид.