Тешка сообраќајка ја потресе Македонија
Едно лице е тешко повредено при сообраќајна несреќа која се случила синоќа во Росоман, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Како што соопшти таа, сообраќајката била во 17.45 часот, на магистралниот пат Градско-Прилеп, во Росоман.
- Во неа учествувале патнички автомобил марка „фиат уно“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 59-годишен жител на Битола и патнички автомобил марка „сеат кордоба“ со регистерски ознаки од Кавадарци, управуван од 34-годишен жител на Кавадарци, појасни Стојковска.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил марка „фиат уно“, кој бил пренесен во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, заради укажување лекарска помош.
Увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.
Ново на Сител
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности