Тензична расправа за нов член на ДИК – Гаши се закани со бојкот на Парламентот
Во тензична атмосфера власта и опозицијата одлучуваат кој ќе го пополни празното столче во ДИК. Мнозинството со молчење го правдаше предлогот, двајца кандидати да влезат во трката за позиција во Комисијата. Опозицијата пак обвинува дека новоформираната партија на Аријанит Хоџа нема право да предлага свој кандидат бидејќи не учествувале на последните избори.
Албанската опозиција која го предлага Абдуш Демири за ова место, вели дека Талат Џафери и мнозинството ги кршат сите закони и се обидуваа член на Алијанса повторно да изгласаат за член на ДИК. Се закани дека ако не биде избран нивниот член до 31-ви декември, ќе го блокираат Парламентот.
Повеќе од 10 месеци ДИК функционира нецелосно откако членот од Алијанса за Албанците која тогаш од опозиција премина во влада го превзема министерското место во правда.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар