Телеком Австрија стана единствен сопственик на оне.Вип
Телеком Словенија за 120 милиони евра и ги продаде на Телеком Австрија своите 45 проценти акции во македонскиот телекомуникациски оператор оне.Вип, соопшти словенечкиот Телеком.
Со оваа трансакција Телеком Совенија целосно се повлекува од оне.Вип, а Телеком Австрија станува единствен сопственик на компанијата.
Во октомври 2014 година членката на групацијата Телеком Словенија, Оне Дооел Скопје потпиша договор за спојување со ВИП оператор, член на групацијата Телеком Австрија.
Една година подоцна Телеком Словенија и Телеком Австрија добија ооборние од македонската Антимоноплската управа за спојување на Оне и Вип во една компанија. Телеком Словенија во тој момент стана сопственик на 45 проценти, а Телеом Австрија на 55 проценти од акциите од новата компанија оне.Вип.
Договорот даваше можност во период од три години Телеком Австрија да ги преземе сите акции.
Ново на Сител
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД