Тековно се спроведува гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане
Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места. Според податоците на ДИК, до 15 часот гласале 28,56 проценти од обработените 87, 40 проценти.
– Сега засега гласањето се одвива тековно, имаме поситни техники проблеми, но тие веднаш се решаваат, изјави Димковиќ
Гласањето се спроведува тековно и во општина Липково.
– Сѐ е тековно, полека се надминаа техничките проблеми со апаратите за отпечаток на прст- информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири .
Во Липково право на глас имаат 26 042 избирачи кои гласаат на 36 места. Според ДИК, излезноста во оваа општина до 15 часот е 19,99 проценти.
Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3 262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 места.
– Тековно си оди гласањето, рече членот на ОИК Старо Нагоричане, Мирослав Славковски. Според ДИК, излезноста во оваа рурална општина до 15 часот е 39,17 проценти.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари