Свет
3. March 2018 - 21:46

Техеран: Ќе преговараме ако Европа и САД се откажат од нивните нуклеарни програми

Портпатролот на иранската армија, генерал Масуд Џазајери денеска изјави дека Техеран ќе преговара за својата нуклеарна програма доколку САД и Европа ги расформираат нивните програми.

- Предуслов за преговорите за иранските ракети е расформирањето на американското и европското нуклеарно оружје и на ракетите со голем дострел, истакна Џазајери.

Тоа е првпат Иран да се огласи за преговори.

Ставот на Техеран е дека иранската нуклеарна програма е конвенционална програма, која има за цел заплашување и самоодбрана и оти за тоа не може да се преговара.