Македонија
23. јуни 2023 - 16:43

Тажна вест- Почина Кико пред да замине на лекување во Турција

Почина Кико, момчето за кое македонската јавност се крена на нозе и собираше донации за негово лекување. За кратко време граѓаните собраа над 50.000 евра, но 20-годишниот Кристијан Коцев кој боледуваше од ретка и тешка болест Атаксија не издржа да замине во Турција каде требаше да биде третиран со матични клетки. Поради влошената здравствена состојба, не можеше да биде транспортиран со медицински авион во Истанбул, а последно беше лекуван во приватна болница во Скопје каде лекарите се бореа за неговиот живот, но последните два дена дошло до сериозно влошување на состојбата поради брзо прогресирање на болеста. 

За случајот со штипјанецот Кико, министерот за здравство изјави дека немало поднесено барање за државата да го покрие неговото лекување со матични клетки во Турција, иако Фондот одобрува само третман според медицина базирана на докази.

,,Тој нема поднесено барање до надлежните институции. Досега не се лекувал во јавно здравје'', рече пред два дена Фатмир Меџити, министер за здравство.

За ретката болест од која боледуваше Кико нема лек, но во медицински поразвиени земји има терапии кои можат да ја подобрат состојбата.