-->
-->
Тања раскажа како е да се работи во Норвешка: Овде сите живеат на кредит сите се задолжени
-->
Норвешка е една од најбогатите земји, располага со повеќе од 800 милијарди евра, а за неа се има општо мислење дека иако има сурова клима, условите за живот и социјалната политика се рајски.
Но, сето тоа е сменето. Луѓето кои заминале од Балканот да работат а таму се веќе 2 децении сведочат за големи неповолни промени: Се потешко е да се најде работа, а цените кои и така веќе се високи веќе се дуплирани.
Тања Поповиќ (35) од Белград која работи како рецепционер во еден помал град во Норвешка, дошла во земјата во 1999 година, непосредно пред бомбардирањето во Србија. За сајтот Klikdoposla открила како е да се живее и работи во „рајот“.
-Кога ќе ја споредам 1999 со 2016 година, можам да кажам дека порано се наоѓаше работа полесно, а и цените беа драстично помали. Мојата прва работа беше да чистам во локална болница. Дојдов на разговор и ми рекоа почнуваш утре, вели Тања.
Цените некогаш и сега
–Цените буквално подивеа. Се е многу многу поскапо. За да купиш стан во 2003 година ти требаа околу 600.000 круни, денеска за истиот стан ти требаат 2,5 до 3 милиони круни. И тоа не е ништо во споредба со норвешките услови. Стоматолозите се скапи. Пломба без анестезија чини 165 евра. Имам чувство дека Норвешка е мала Америка и тоа ќе станува се полошо. За многу кратко овде се ќе биде приватно. Превозот е приватен, да се лекуваш мораш приватно а цените се луди, вели таа.
Нема светла иднина
-Овде сите живеат на кредит. Живеат луксузно, а немаат пари за тоа. Сите се задолжени, сведочи Тања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ