Таксисти му се пожалија на кавадаречкиот градоначалник од третманот во Неготино
Таксисти кои секојдневно сообраќаат на релација од Кавадарци кон Неготино и обратно, денеска му се пожалија на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на третманот што го имаат во Неготино.
- Ние секојдневно превезуваме патници, но сега неготинската инспекција, откога ќе однесеме патници натаму, не ни дозволува да земаме патници наваму, туку не тера да се враќаме празни, рекоа таксистите.
Јанчев им вети дека до понеделник нема да имаат никакви проблеми. Ги информира дека е договорен состанок со неготинскиот градоначалник Тони Делков, на кој двајцата градоначалници ќе изнаоѓаат решение за проблемот.
Делков исто така за МИА потврди дека е информиран за барањата на таксистите и нагласи дека ќе се разговара со Јанчев околу тоа да се надминат сите недоразбирања во интерес на двете општини.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“