Македонија
18. September 2019 - 15:40

Таксист од Кавадарци нападнал негов колега од Неготино, неготинецот се здобил со повреди

Таксист од Кавадарци нападнал негов колега од Неготино. Неготинецот се здобил со повреди. Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-На  улица „Мaршал Тито“ во Неготино утрово бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од страна на 53- годишник од Кавадарци. Тој управувал кавадаречко такси возило и нападнал 60-годишен таксист од Неготино, при што, му нанел телесни повреди и веднаш се упатил во непознат правец, соопшти Додевски.
Се трага по таксистот напаѓач.