СВР-Битола:Поволна безбедносна состојба во првата половина од годинава
СВР-Битола соопшти дека безбедносната состојба во првото полугодие од оваа година е поволна, бројот на прекршоци од областа на јавниот ред и мир бележи намалување, но зголемен е бројот на сообраќајни незгоди.
Според анализата на СВР-Битола состојбата во областа на јавниот ред и мир во текот на првите шест месеци се оценува како добра и стабилна, а бројот на прекршоци е намален и изнесува 44, 8 отсто додека бројот на сообраќајни незгоди е зголемен за 39,17 проценти.
- Не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем, а евидентираните протестни собирања на граѓаните се одржуваа мирно, без инциденти и не предизвикаа безбеносни импликации. Во текот на првото полугодие поднесени се 84 барања за поведување прекршочна постапка против 119 сторители на прекршоци, информираат од СВР-Битола.
Во текот на првата половина од оваа година СВР-Битола регистрира 167 сообраќајни незгоди, од нив 88 се со потешки последици, а 79 со предизвикана материјална штета.
- Во сообраќајните незгоди што се случија на подрачјето од општа надлежност на СВР-Битола две лица го загубија животот, а 121 лице се здобиле со телесни повреди. Најголем дел од сообраќајните незгоди се случиле во населено место, посочуваат од СВР-Битола.
Екипи на СВР-Битола во текот на првите шест месеци од оваа година извршиле контрола на 11.495 возачи и возила, од нив 222 возила и 586 возачи биле исклучени од сообраќај, извршени се 2.591 алкотестирање на возачи и притоа во 195 случаеви е потврдена алкохолизираност на возачот.
- СВР-Битола во првото полугодие иницираше и организираше низа превентивни мерки и акции со граѓани и институции со цел намалување на проблемите во јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот. Во овој период се реализираа проектите „Полицијата и граѓаните заедно“, „Како Сте“, „На кафе кај соседите“, „Нови згради, нови жители“, „Бизнисот и заедницата“, „За спортот заедно“, „Без толеранција за алкохолот и дрогата“ и „Внимателна заедница, безбедна заедница“. Во овој период организиравме заеднички средби и со претставници на приватните агенции за обезбедување во овој град, информираа од СВР-Битола.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период