Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование

Здружението на социолози на Република Македонија реагира на предложениот текст на новата Нацрт концепција за реформа на гимназиското образование, изработена од Бирото за развој на образованието, укажувајќи дека слични активности и „реформи" се одвиваат подолг период, а со кои, како што велат „директно се засегнати социолозите и нивниот статус во македонското образование на сите нивоа“.
-Здружението на социолози, заедно со Институтот за социологија, реагираше и на Концептот за реформи во основното образование, кој на извесен начин претходи на сегашната Нацрт концепција, и во тој контекст укажа дека се продолжува со една вообичаена практика нетранспарентно „реформирање" во многу кус временски период на нашето образование кое веќе повеќе заличува на „невладина организација" отколку на сериозна институција, се вели во реакцијата од Здружението на социолози.
Во прилог се аргументите и предлог решенијата од Здружението на социолоз за подобра и поквалитетна концепција за поквалитетно образование:
1. Нерамноправен однос помеѓу природните општествените хуманистичките предмети, кој е повеќе од нерамноправен. Сите природни науки остануваат задолжителни во прва и втора година и изборни на продлабочено ниво во трета и четврта година со 4 часовен неделен фонд, додека од општествените предмети сите изборни се со два часа неделен фонд. Покрај тоа е избришана социологијата како задолжителен предмет а воведено е граѓанско образование (се менува наука за дисциплина). Граѓанско образование е предмет кој учениците веќе го изучуваат како редовен во седмо, осмо и деветто одделение и сметаме дека во прва година гимназиско образование учениците треба да ја изучуваат социологијата како најопшта општествена наука, како повисоко ниво, како наука која им ги отвора вратите на општествената стварност. Во четврта година да се врати филозофијата како задолжителен предмет со барем два часа неделен фонд.
2. Изборот на предмети кои ќе ги изучува ученикот го гледаме како современ концепт и позитивна промена, но како ученикот ќе избере предмет со кој нема никаков контакт, информација ниту предзнаење? И во овој поглед природните науки се во голема предност бидејќи предметите кои се задолжителни веќе имаат прилика да им се познати и кон нив да развиле интерес. Може да дојде и до намалување на критериумите кај наставниците поради поголем избор на нивните предмети на повисокото ниво што сериозно би го намалило квалитетот на образованието.
3. Се залагаме за поголема вклученост на наставниците социолози во стручните служби покрај педагогот, психологот и дефектологот.
4. Исто така цврсто стоиме на ставот и се залагаме за враќање на нормативот по предметот граѓанско образование (во основното, стручното и според Нацрт концепцијата во гимназиското образование) на наставниците по социологија како најкомпетентни за предавање на овој предмет. Социолозите го воведе и конституирале како предмет но сега се во ситуација да не го предаваат (го преземат наставници историчари и филозофи).
-Ваквата Нацрт концепција за реформа на гимназиското образование подготвена од БРО укажува на нискиот капацитет на една од најзначајните образовни институции за следење и развивање на квалитетот на образованието. Без претходно да се реформира БРО и да се зајакнат неговите човечки капацитети реформите во основното, средното-стручно и гимназиското образование не можат да бидат успешни, се вели вео реакцијата од Здружението на социолози на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош, можно труење со храна
-

Во Србија приведен македонски камионџија кој усмртил пешак кај Грделица, а потоа избегал од местото на несреќата
-

Судење „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“
-

Уапсени седум лица за семејно насилство во последното деноноќие
-

МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
-

Мицкоски: Во реализација се 17 странски инвестиции што треба да креираат 5.000 работни места
-

Земјотрес од 2,7 Рихтерови степени во Скопје
-

Во мај или јуни ќе се разговара за можни кадровски промени во Владата, најави Мицкоски
