„Супер годината на избори“ донесе зајакната позиција на жените лидерки во ЕУ
Обединетите нации ја оквалификува 2024-та како „супер година на избори“ поради фактот што изминативе 12 месеци околу 3,7 милијарди гласачи имаа можност да се упатат кон гласачките места во 72 земји ширум светот. Со исклучок на неколку изборни процеси, гласањата на изборите беа оценети како симбол за „јакнење на демократијата и доброто владеење“, но донесоа и зајакнување на позициите на жените на одговорни функции.
Во 2024 година жителите на членките на ЕУ, во голем дел освен на избори на национално, регионално или локално ниво, можеа да гласаат и за избор на новиот состав на Европскиот парламент. Очекувано, т.н. проевропските центристички партии го задржаа мнозинството во Европарламентот, но во исто време десничарските и популистичките политички сили го зголемија своето присуство во претставничкиот дом на ЕУ, што доведе до, како што беше оценето, негово свртување в десно.
Така во клупите на Европскиот парламент се најдоа личности како екстремно десничарскиот инфлуенсер со уметничко име Алвис Перез, лидер на шпанската националистичка и евроскептична партија Забавата заврши (САЛФ), чие вистинско им е Луис Перез Фернандез, потоа Јутјуб сензацијата Фидијас Панајоту, кој беше избран за независен европратеник од Кипар, како и антиваксерката и лидерка на проруската националистичка и десно популистичка партија С.
Евроизборите ја засилија и позицијата на, како што некои левичари ја нарекоа, новата „најдобра другарка“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, италијанската премиерка Џорџа Мелони, лидерка на национал-конзервативната и десно популистичка партија Браќата на Италија (ФДИ) и на паневропската Партија на европските конзервативци и реформисти (ЕЦР).
Од таквата позиција, Мелони за својот сопартиец Рафеле Фито успеа да ја издејствува влијателната функција на извршен потпретседател на Европската комисија за кохезија и реформи и еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите.
Периодот по евроизборите донесе потврдување на позицијата на Фон дер Лајен на чело на Европската комисија, во која доминираат членови на нејзината десно центристичка Европска народна парија (ЕПП), федерација на демохристијанските и либерално-конзервативни партии од Европа.
Дополнително, за претседателка на Европскиот парламент беше реизбрана уште една членка на ЕПП, Роберта Мецола, а за висока претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика либералката Каја Калас.
На тој начин на три од четирите најзначајни функции во ЕУ се најдоа жени. Покрај нив, уште една жена доминираше на изборите во Европа.
Станува збор за лидерката на францускиот националистички и десно популистички Национален собир (РН), Марин ле Пен.
Нејзината партија извојува убедлива победа на евроизборите во Франција на почетокот на јуни, но само благодарение на договорот меѓу партиите од левицата, центарот и умерената десница таа не успеа да освои мнозинство или барем најмногу пратеници на француските предвремени парламентарни избори одржани неполн месец подоцна.
По изборите РН остана во опозиција, што според многумина аналитичари, ја става Ле Пен во покомотна позиција пред следните претседателски избори во Франција во пролетта 2027 година, по кои таа би можела да стане нова станарка на Елисејската палата.
За успехот на жените лидерки да не биде комплетен се погрижи поранешниот американски претседател, републиканецот Доналд Трамп, кој на ноемвриските избори во САД си обезбеди „станарско право“ во Белата куќа, победувајќи уште една жена, претседателксата кандидатката на Демократската партија, Камала Харис.
Злобниците забележаа дека на Трамп „му оди со жените“, имајќи предвид дека на изборите во 2016 ја победи Хилари Клинтон, но загуби од Џо Бајден во 2020 година.
Враќањето на саркастично наречениот „Дони Менас“ (Дони Заканата) во Белата куќа предизвикува стравувања од одмазда од негова страна и стравувања во Европа дека би можел да „ги повлече САД од НАТО“, да започне трговска војна со ЕУ или да „му препушти“ делови од Украина на рускиот претседател Владимир Путин.
Подемот на жените лидерки го потврдија и изборните победи во 2024 година на нашата претседателка Гордана Сиљановска Давкова и на нејзините колешки Клаудија Шајнбаум Пардо во Мексико, Маја Санду во Модавија, Хала Томасдотир на Исланд, Мирајм Спитери Дебоно на Малта, Хетумбо Нанди-Ндаитва во Намибија и Хилда Хејн на Маршалските Острови.
Ним им се приклучија и новоизбраните премиерка на Исланд, Кристурн Фростадотир, на Тајланд, Паетонгтарн Шинаватра и на ДР Конго, Џудит Суминва.
Така, во моментов шефици на држави или влади се 27 жени ширум светот, осум се генерални гувернерки кои во нивните земји го застапуваат формалниот шеф на државата, британскиот крал Чарлс Трети, а уште седум други се членки на претседателства или тела кои ја имаат улогата на колективен шеф на државата.
Ново на Сител
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја