Македонија
29. December 2024 - 16:47

Хуманитарна акција во Берово

Запознајте го Ѕвонко Чонкински, беровчанецот поради кој нема да има празна трпеза за празниците во Малешевијата. Во време на кризи и скапи потрошувачки кошнички тој одлучи да ја врати надежта. Донира месо на оние кои им е најпотребно во период кога сите се потсетуваме за важноста на семејните вредности, љубовта и хуманоста. 

Фармата на Ѕвонко е во Митрашинци. Село на 15 километри од центарот на Берово. Оваа акција не е прва година, донирањето на месо за ова семејство прераснува во традиција. Добриот глас надалеку се слуша, а хуманоста не е непознат поим за беровчани, туку навика преку текот на целата година.

Одлуката на Ѕвонко е потврда дека секој може да направи промена. Празниците пак се добра можност да се запрашаме - Чиј Дедо Мраз ќе бидеш годинава?