Судири во Ерусалим втора ноќ по ред
Израелските безбедносни сили втора ноќ по ред се судрија со Палестинците во близина на џамијата Ал Акса во Ерусалим. Конфликтот се случува за време на празничната сезона, претстојниот исламски Рамазан и еврејскиот празник Пасха.
Група млади Палестинци синоќа запалиле пиротехнички средства и фрлале камења кон израелската полиција додека се обидувале да се забарикадираат во Ал Акса, третото најсвето место на исламот во Ерусалим. Ал-Акса се наоѓа на висорамнината, која Евреите ја нарекуваат планината на храмот, најсветото место во јудаизмот.
Полицијата соопшти дека Палестинците се обиделе да ги спречат верниците да ја напуштат џамијата. Претходната ноќ во судирите на таа локација во стариот дел на Ерусалим беа повредени неколку лица. Од нив полицијата уапси околу 350.
Исламското екстремистичко движење Хамас, кое е на власт во Појасот Газа, истрела неколку ракети врз Израел. Израелската армија одговори со погодување на неколку цели во крајбрежната енклава. Муслиманите доаѓаат да се молат во Ал Акса за време на Рамазан, додека Евреите традиционално одат на аџилак во Ерусалим за Пасха. Светото место е под палестинска управа, додека Израел е одговорен за безбедноста.
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
