Суданскиот претседател најави повлекување од власта во 2020 година
Суданскиот претседател Омар ал Башар изјави дека ќе се повлече од функцијата во 2020 година, кога ќе му заврши сегашниот мандат.
Башар е на власт уште од 1989 година, а последен пат беше избран за претседател во април минатата година.
- Оваа работа, како претседател веќе ме исцрпува, затоа сегашниот мандат е мојот последен, изјави Башар во разговор за Би-Би-Си.
Неговите политички противници и критичари не веруваат во уверувањата дадени за британскиот медиум, за тоа дека во 2020 година „друг ќе биде претседател на Судан“, затоа што во изминатите години, на повеќепати имало такви изјави за негово повлекување.
На минатогодишните избори тој освои 94 отсто од гласовите, но суданската опозиција го бојкотираше гласањето, обвинувајќи ја власта за спроведување на нечесни и неслободни избори.
Башар е професионален војник кој учествуваше во арапско-израелската војна во 1973 година. Во 1989 година изврши воен удар и ја презеде власта во Судан, а во 90-те му даде азил на лидерот на терористичката мрежа на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
Тој е првиот претседател во светот кој е обвинет за геноцид и за воени злосторства од Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ), за војната што суданската армија ја води во провинцијата Дарфур.
Според ОН, од 2003 година, во оваа со војна зафатена суданска провинција присилно се раселени преку 2,5 милиони луѓе, а само оваа години, се раселени уште нови 100 илјади лица.
Омар ал Башар ги отфрла сите обвинувања дека е извршен геноцид, но во јануари годинава одново беше извршено бомбардирање во Дарфур, по што властите во Картум побараа од провинцијата да се повлечат мировниците на ОН и хуманитарните организации.
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?