-->
-->
Суд го одблокира трансферот на двата египетски острови во Саудиска Арабија
-->
Египетскиот суд за итни прашања денеска за неважечка ја прогласи одлуката за блокирање на трансферот на двата острова во Црвено Море во Саудиска Арабија, јавија британските медиуми.
Владата во Каиро планира двата ненаселени острови во Црвено Море да и ги предаде на Саудиска Арабија, во согласност со спогодбата за демаркација на поморската граница меѓу двете земји.
Со одлука на египетските судови од јануари, меѓутоа, овој план беше блокиран.
Британските медиуми наведуваат дека повеќето Египѓани сметаат дека двата острова и припаѓаат на нивната земја.
На најновата судска одлука, која доаѓа во време на затоплување на односите меѓу Каиро и Ријад, може да се вложи жалба, а конечната спогодба мора да ја одобри и египетскиот Парламент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче