Студија: Фајзер ќе вакцинира цел град во Бразил против Ковид-19
– Фајзер ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата.
Истражувањето ќе се спроведе во Толедо, кој има 143.000 жители, во западниот дел на државата Парана, во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација, соопштија локалните здравствени власти, болница и федерален универзитет.
Фајзер, кој ја разви вакцината со германскиот партнер БиоНТек, соопшти дека целта е да се проучи преносувањето на коронавирусот во „реално сценарио“ откако ќе се вакцинира населението.
„Иницијативата е прва и единствена од ваков вид што се презема во соработка со фармацевтска компанија во земја во развој“, соопшти Фајзер.
Има мал отпор кон вакцината во Толедо, и 98 проценти од населението ја прими првата доза, претежно од Фајзер/БиоНТек. Вакцината Астра Зенека и Синовак против Ковид-19 исто така се користеше, информира општинската секретарка за здравство Габриела Кучерски, додавајќи дека 56 проценти од населението е целосно вакцинирано.
Реџис Гуларт, истражувач во болницата Моинхос де Венто во Порто Алегре, кој учествува во студијата, рече дека целта е да се потврди вистинската ефикасност и безбедност на вакцината која е веќе клинички тестирана.
Истражувањето исто така ќе овозможи долгорочно следење на учесниците со помош на одговори на прашања како што се времетраењето на заштитата од вакцината против Ковид-19 и нови варијанти на вирусот, рече Гуларт.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит