Струшкиот регион под обилни врнежи од снег, сообраќајот се одвива отежнато
Обилните врнежи од снег, кои од утрово го зафатија Струшкиот регион предизвикаа отежнато движење на коловизите и тротоарите.
Улиците во градот и населените места, кои ги одржуваат приватни фирми се проодни, потврди за МИА координаторот на Зимската служба при Општина Струга, Митко Коркутоски.
– Екипи на зимските служби се на терен и секаде се чисти. Патиштата кон селата Октиси, Лабуништа, Подгорци…, се релативно проодни, но во моментот обилно врне снег, истакна Коркутоски.
Потешкотии во движењето имаат и пешаците, поради подлогата од преходниот замрзнат снег.
– Новата снежна покривка го затскрива замрзнатиот снег по тротоарите, што оневозможува безбедно движење. Тротоарите се хаос, се плашиме од паѓање, кое може да предизвика скршеници, велат стружани.
Јавното комунално претпријатие пак информира дека нивни екипи се на терен и работат на расчистување на фрекфентните места, што се во нивна надлежност.
– Екипите на ЈП „Комунално“ Струга организирано излегоа на терен, со работна сила и специјални возила. Се чистат од снег тротоарите на поглавните улици, чаршијата и кејовите – површините кои ЈП „Комунално“ Струга има обврска да ги одржува во зимски услови и се посипуваа со индустриска сол и ризла, соопшти претпријатието.
Поради обилните врнежи од снег АМСМ информираше дека од утрово е воведена забрана за движење на товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан.
Ново на Сител
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?
-
Голем интерес од банките за кредитите преку Развојната банка
-
Прва средба на Муцунски - Георгиев утре во Минхен
-
Правда ја почна постапката за разрешување на Коцевски