Струшки вечери на поезијата од 22 до 27 август
Од 22 до 27 август во Струга ќе се одржат 57. Струшки вечери на поезијата.
Според традицијата, манифестацијата треба да почне на 22 август претпладне со садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото признание „Златен венец“, за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски. Официјалното отворање е вечерта со палење на фестивалскиот оган и традиционалното читање на Константиновата „Т’га за југ“ пред Домот на поезијата. Поотоа следува Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.
Престижната награда „Златен венец“ на Загајевски ќе му биде врачена на затворањето на фестивалот на традиционалното поетско читање „Мостови“, кога ќе бидат доделени и наградите „Мостови на Струга“ што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО за најдобра дебитантска книга, а годинашниот добитник е Паули Тапио од Финска, како и „Браќа Миладиновци“ чиј добитник треба да биде објавен во текот на фестивалското издание.
Дел од манифестацијата се и поетските читања, поезијата на пат, симпозиуми, омажи, ноќите без интерпункција...Деталите околу годинашното издание Дирекцијата на СВП ќе ги соопшти на прес-конференција.
Ново на Сител
-
Закон наместо балансер
-
Почна дијалогот со Бугарија за изградба на пругата – Македонија не отстапува од заеднички проект со пониска цена
-
ЛДП на Зајкова се доближува до позициите на Мицкоски: Уставни измени со одложено дејство
-
Новинарски прирачник за обвинителите
-
По Струмица и Василево водата за пиење забранета и во 4 села во општина Босилово
-
Мемов: Пари за пензии ќе има, ќе предложиме низа мерки за намалување на дупката во Фондот
-
Државата ќе исплаќа надоместок за жртви од насилство
-
Преглед на вести од светот