Струмичанец нападнат во кафеана во Габрово
Синоќа во 18:40 часот во Полициското одделение Ново Село, В.С. (44) од Струмица пријавил дека истиот ден околу 18:00 часот физички бил нападнат од четири лица во угостителски објект во с. Габрово.
Во угостителскиот објект тој бил во друштво на двајца пријатели, а во моментот кога извадил телефон и почнале да се сликаат, бил нападнат од неколку лица кои седеле на соседната маса (Г.Б., В.Т., В.Е. и В.А.) кои физички го нападнале и му го одзеле телефонот.
Тие го удирале со раце во пределот на главата и грбот и побарале да им ја каже лозинката на телефонот.
По кратко време, од летната тераса на објектот го внеле внатре и потворно му се заканувале и го удирале. Откако им ја кажал лозинката го пуштиле да излезе надвор, а набргу потоа си заминале.
Пред да заминат, кај В.С. дошол и М.Ч., кој седел на истата маса со напаѓачите, и го прашал што има против него.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка
-
Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик