Македонија
12. May 2018 - 12:20

Струмичанец нападнат во кафеана во Габрово

Синоќа во 18:40 часот во Полициското одделение Ново Село, В.С. (44) од Струмица пријавил дека истиот ден околу 18:00 часот физички бил нападнат од четири лица во угостителски објект во с. Габрово.

Во угостителскиот објект тој бил во друштво на двајца пријатели, а во моментот кога извадил телефон и почнале да се сликаат, бил нападнат од неколку лица кои седеле на соседната маса (Г.Б., В.Т., В.Е. и В.А.) кои физички го нападнале и му го одзеле телефонот.

Тие го удирале со раце во пределот на главата и грбот и побарале да им ја каже лозинката на телефонот.

По кратко време, од летната тераса на објектот го внеле внатре и потворно му се заканувале и го удирале. Откако им ја кажал лозинката го пуштиле да излезе надвор, а набргу потоа си заминале.

Пред да заминат, кај В.С. дошол и М.Ч., кој седел на истата маса со напаѓачите, и го прашал што има против него.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.