Струмица: Гробари сквернавеле починати лица
Кривична пријава е поднесена против двајца гробари, Р.Т. (36) од Струмица и Г.П. (47) од Штип, со привремен престој во Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „сквернавење на умрен“.
Како што информираат од полицијата, гробарите вработени во погребален оператор во Струмица, одземале златен накит од гробовите. Двајцата гробари при ископи на стари гробови поради закоп на други починати лица го одземале накитот кои го пронаоѓале, а потоа го продавале на неколку златари во Струмица.
При претрес во домот на пријавените биле пронајдени и со Потврда за одземени предмети одземени се две откупни белешки за откуп на злато од златара.
Во разговор со полициски служебници пријавените ги посочиле гробовите од каде го одземале златото.
Ново на Сител
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Нов протестен марш во Скопје
-
Двојни стандарди за ЕУ интеграции
-
Младите помеѓу реалноста и можностите
-
Протестен марш во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски штител лични интереси
-
Новата комора на трговци утре до владата ќе ја прати листата со продукти кои треба да поевтинат