Македонија
20. December 2022 - 16:25

Струга: Украле „пунто“ во сопственост на обложувалница - го оставиле на улица, и земале ранец во кој имало пари

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.У.(47) и К.М.(36) , двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање моторно возило“ и „кражба“. На 11.12.2022 на ул.„Ристо Крле“ одзеле патничко возило „фиат пунто“, сопственост на спортска обложувалница, по што возилото го оставиле на ул.„27 Март“, а земале ранец во кој имало пари.