Струга го одбележува Денот на ослободувањето
Со положување цвеќе пред споменикот на Револуцијата, претставници на Сојузот на борците од Струга, Музејот, „Д-р Никола Незлобински“ на политичките партии ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ и поддржувачи денеска го одбележаа 8 Ноември, Денот на ослободувањето на градот од фашизмот.
Општина Струга и годинава не се вклучи во одбележувањето, а Советот ја нема изгласано ниту годишната Програма за одбележување значајни личности и настани за 2016 година.
Според претседателот на Комисијата за одбележување значајни личности и настани Николин Велкоска – Глигороска, годишната програма не била донесена поради потребното Бадентерово мнозинство и несогласувања на советниците околу одредени прашања.
- Општината не учествувала во одбележување на Денот на ослободувањето на градот и во изминатите години кога беше донесена програмата, а не издвојува ниту средства за организација и одбележување, истакна Велкоска – Глигороска.
Ново на Сител
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство
-
80 години Универзитетска библиотека Свети Климент Охридски
-
Службите кубурат со опрема и кадар
-
Општините немаат доволен број комунални инспектори, а слаба е и казнената политика
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски во вински саем во Белград - Средба Мицкоски со Вучиќ