-->
-->
Стотици луѓе на погребот на убиената бугарска новинарка Викторија Маринова
-->
Стотици луѓе присуствуваа денес на погребот на убиената бугарска новинарка Викторија Маринова, непосредно откако германската полиција објави дека осомничениот за нејзиното убиство признал дека ја нападнал.Родините, пријателите и колегите на Маринова се собраа во православната црква во нејзиното родно место Русе на северот на Бугарија, а литургијата ја одржал локален свештеник, пишува Асошиејтед прес.
30-годишната Маринова зад себе остави седумгодишна ќерка.
Телото на Маринова беше најдена во саботата во парк близу Дунав, а полицијата тогаш соопшти дека била претепана, силувана и задавена.
Бугарските обвинители како осомничен го идентификуваа 21-годишниот Северин Красимиров и во отсуство поднесоа против него обвинение за силувањето и убиството на Маринова.
Тој беше уапсен во Германија врз основа на меѓународен налог за апсење, а Бугарија побара негова екстрадиција.

Германското обвинителство објави дека Красимиров признал дека под дејство на алкохол и наркотици се скарал со непозната жена во парк, дека ја удрил во лицето и ја скрил во грмушки. Кажал дека немал намера да ја убие и негирал дека ја силувал или ја ограбил.
Обинителите соопштија дека тој во следните десет дена ќе ѝ биде испорачан на Бугарија.
По шпекулациите дека Маринова била убиена поради својата истражувачка работа, бугарското обвинителство соопшти дека сексуалното злоставување на жртвата е најверојатниот мотив на нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а Џини индексот е првпат под 30 проценти во последните 30 години
-

Собранието го донесе Законот за Судски совет
-

Јаневска: Во образованието почнува да се реализира она што требало многу порано, се движиме добро
-

Зеленски: Од Трамп побарав гаранции за Украина во траење до 50 години
-

Граничниот премин Евзони повторно затворен за сите возила со две четиричасовни блокади на грчките земјоделци
-

Во среда и дневните температури под нулата, ќе има и силен ветер
-

Умот не ми даваше дека е мртов, потресно сведоштво на мајка на судењето за трагедијата во Пулс
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
