Стопанската комора на Македонија ќе отвори Центар за вработување на лицата за хендикеп
Центар за вработување на лицата со хендикеп кој ќе претставува место каде и компаниите и лицата со хендикеп ќе можат да ги добијат сите неопходни информации и услуги во врска со идни вработувања, е новиот проект на Стопанската комора на Македонија и Здружението Полио Плиус кој денеска беше презентиран во Скопје.
На конференцијата министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими нагласи дека лицата со инвалидност се идентификувани како посебна целна група во различни стратешки документи на Министерството, при што унапредувањето на нивната положба, можностите за нивно вработување и социјално вклучување, секогаш се еден од приоритетите на политиките и програмите.
- Ако во 2007 година 47 проценти од лицата со инвалидност биле вработени во отвореното стопанство, а 53 отсто во заштитните друштва, во текот на изминатиот период се забележува тренд на значителна промена на структурата со тоа што во последните неколку години тој однос се менува и околу 60 проценти од регистрираните вработувања на лицата со инвалидност во текот на годината се во отвореното стопанство, информира Ибрахими.
Порача дека Министерството ќе се заложи и натаму да се задржи овој тренд и дополнително да се подобрува.
- Во насока на унапредување на услугите за социјална инклузија и вклучување на пазарот на труд на лицата со инвалидитет, од страна на министерствата за труд и социјална политика и за образование и наука во соработка со релевантните агенции и институции, вклучувајќи ги и социјалните партнери и невладините организации, беше подготвена и Оперативната програма „Развој на човечки ресурси 2007-2013, која се реализираше со финансиска поддршка од ИПА и согласно со оваа програма, во тек е реализација на проектот „Унапредување на услугите за социјална инклузија“, истакна Ибрахими.
Проектот, рече тој, ќе го подобри системот, услугите и професионалните капацитети за социјална вклученост на мажите и жените кои се во понеповолна положба и да ги унапреди еднаквите можности на пазарот на труд.
- Целите на проектот се развој и спроведување професионална рехабилитација и услуги на лична асистенција за поинтензивно и квалитетно интегрирање на луѓето со инвалидитет на пазарот на труд. Предвидува и подобрување на испораката и мониторингот на услугите кои се обезбедени за ранливите категории на население преку натамошна автоматизација на деловните процеси во институциите за социјална заштита и олеснување на размената на податоци помеѓу надлежните институции, рече Ибрахими и појасни дека овој проект се одвива преку три компоненти.
Министерот, како не помалку важен, го истакна и проектот „Поддршка на развојот на правната рамка за социјално претприемништво во Република Македонија, кој се имплементира со поддршка од страна на Британската амбасада.
Елена Милевска-Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, информира дека овој едногодишен проект ќе се реализира со бројни активности кои ќе значат поддршка на лицата со хендикеп во градењето на нивните капацитети и вештини.
- Центарот за вработување на лицата со хендикеп ќе креира програми неопходни за стекнување стручни знаења и обуки за јакнење на вештините и капацитетите на лицата со хендикеп, истакна Милевска-Штрбевска и додаде дека програмата предвидува подготовка за вработување, програма за поддршка при наоѓање работа, за претприемништво и програма за волонтерство.
Конкретно, појасни Милевска-Штрбевска, ќе се зајакнуваат капацитетите на високиот и средниот менаџмент во компаниите се цел поголема информираност за можностите и придобивките од вработување на лица со хендикеп.
Елена Кочоска од Полио Плус истакна дека Македонија издвојува средства за вработување на лицата со хендикеп и дека сите се ангажираат тоа да се случи. - Убави идеи, убави иницијативи од страна на државата. На крајот на денот повторно согледуваме дека нешто не е како што треба, констатира Кочоска.
Нагласи дека тоа се случува затоа што креатори на тие иницијативи треба да се токму лицата со хендикеп. Начинот на кој ќе бидат вклучени, според Кочоска, е договор помеѓу бизнис заедницата и хендикепираните, а улогата на државата е да даде поддршка и да биде гарант на тој договор дека ќе биде остварен како и за лице без хендикеп.
Во Центарот ќе се организираат информативни денови и работилници каде компаниите ќе може детално да се запознаат со придобивките и условите кои треба да ги создадат за полесно и поуспешно вклучување на лицата со хендикеп на пазарот на трудот.
Ново на Сител
-
НАТО стравува од нови сериозни саботажи и кибер-напади
-
МВР се вклучува во камањата „Помисли двапати“
-
Денеска се празнува Воведение на Пресвета Богородица
-
Седница на Уставен суд
-
ОН бараат 47 милијарди долари за помош во 2025 година
-
Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток
-
Рускиот амбасадор во ОН ја обвини Украина дека им помага на сириските бунтовници
-
Променливо облачно време со услови за слаб локален дожд