Столтенберг побара веднаш да се испрати уште оружје и муниција во Украина
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги повика поддржувачите на Украина да испратат повеќе муниција и оружје додека Русија го засилува притисокот непосредно пред првата годишнина од нејзината инвазија.
- Не гледаме знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир, рече Столтенберг во седиштето на НАТО во Брисел.
- Она што го гледаме е спротивното. Тој се подготвува за уште војна, за нови офанзиви и нови напади, додаде тој по пристигнувањето на состанокот предводен од САД за координирање на испораката на оружје за Украина.
Столтенберг ги повика членките и партнерите на НАТО да достават повеќе муниција и брзо да го испорачаат веќе ветеното оружје.
Тој додаде дека снабдувањето на Украина со борбени авиони не е најгорливиот проблем, но призна дека поддршката за Украина еволуирала во текот на изминатите месеци.
Министрите за одбрана на НАТО подоцна денеска ќе разговараат за тоа како да се зголеми производството на муниција за да се задоволат потребите на Украина и да се надополнат домашните резерви, рече Столтенберг.
Ново на Сител
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп
-
Како изборите во Германија ќе влијаат на односните Скопје-Берлин?
-
Без напредок заврши уште една средба на македонските и бугарските историчари
-
СДСМ бара одговорност за најавите за вработувања во администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ демантира
-
Кочоска: Не може да гледате цени само во еден маркет и да велите пораснаа цените
-
Работна група од влада ќе ги „чешла“ деталите од бугарскиот предлог за железничкиот тунел
-
Тема на денот со д-р Злате Мехмедовиќ, комисија за заразни болести
-
Масовна партизација или популизам: Меџити најави илјадници вработувања на Албанци во администрацијата