Стоилковски: МВР да одговори дали на Водно е направена полициска потера по командантот на „Тигрите“?
МВР и министерот Оливер Спасовски мора да одговорат дали командантот на полициските „Tигри“, Митко Даневски е лицето коешто пред три дена управувалo со возило во шума на скопско Водно на полноќ, среде забрана, не почитувал полициска контрола, предизвикал потера којашто завршила со тројца повредени полицајци од кои еден заврши на пет часовна операција?
Согласно информациите до медиумите МВР молчи и прикрива за кого станува збор.
Информација е пуштена, трет ден минува, нема идентитет, ниту иницијали. Целосно несвојствено за МВР, но и остава простор за шпекулации на штета на „Тигрите“.
Почитувани, заради чинот и позицијата на Даневски, како и заради неговата блискост со Заев и Спасовски, МВР мора да одговори дали е тој лицето коешто во време на забрана за движење во шума, навечер возел службено возило Шкода, придружуван од друго лице, не сопрел на полициска контрола, предизвикал потера, бркотница низ водно, а се завршува со повредени тројца полицајци и целосно оштетени полициски возила?
Полициските „Тигри“ е многу сериозна и единица со реноме за да се дозволи МВР да сокрива ваков скандал, злоупотреби, незаконско и недолично однесување и тоа да се врзува со името на командантот на полициските „Тигри“, Митко Даневски.
Ниту Зоран Заев ниту Оливер Спасовски, ниту фактот за нивната близина со Даневски не смее да бидат над полициското реноме на единицата „Тигри“.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек