Македонија
18. December 2021 - 14:13

Стоилковски: Ковачевски е човек од Харвард, колку што Заев е нобеловец

Димитар Ковачевски мора да се извини за лагата за неговото образование. Ковачевски не само што ги доведува во заблуда медиумите и јавноста, туку тој гази на многу сомнителни даски.

Ова е профилот на Димитар Ковачевски на мрежата ЛинкдИн, социјална мрежа за бизнис и вработување, на која се оставаат своите професионални биографии во потрага за работа.

Во самото заглавие на Ковачевски стои, „заменик министер за финансии, универзитетски професор“, па веднаш под тоа стои и наведен е „Харвард Бизнис училиште“.

Ковачевски Харвард го ставил и во делот на образование. Не во делот на обуки, тренинзи, курсеви туку во образование.

Почитувани, човек што лаже за својата биографија и образование, е спремен да лаже за се'. Ковачевски е човек од Харвард, колку што Зоран Заев е Нобеловец.

Ковачевски молчеше кога образованието на Харвард му ги креваше акциите, кога го ставаа на насловни страници на весници.

Ковачевски се буни кога ќе му ја побарате дипломата од Харвард.

Вистината излегува на виделина. Ковачевски не завршил на Харвард, Ковачевски бил на тридневен курс за којшто, каде ниту има приемен, ниту се полага завршен испит, ниту има диплома потоа, а се плаќа скапо.

Почитувани, Ковачевски е резултат на заевизмот, Ковачевски е поставен да го продолжи заевизмот, лагите, ставен е да ги продолжи поразите на Македонија.

Нема ништо полошо од заевизмот, за Македонија нема полошо од СДСМ.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ