Македонија
12. November 2024 - 13:46

Приведен криминалец баран со потерница

Денеска (12.11.2024) во 09.05 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода М.Л.(50) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од две години и два месеца за сторено кривично дело во врска со чл. 418-б, 418-в (трговија со малолетно лице и криумчарење мигранти) и член 273 (перење пари).

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.