Македонија
12. November 2024 - 16:47

Прекината седницата за надзор на тајните служби – Реџепи не ги прифаќа барањата на мнозинството

Во тензична атмосфера и меѓусебно надвикување седницата за надзор на работата на АНБ и АР на која требаше да се анализира назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ беше прекината. Мнозинството побара дополнување на дневниот ред со две точки -  посети на Ангенциите откако премиерот Мицкоски го вклучи алармот и излезе со информаци дека бил следен. Но Реџепи како претседател на комисијата одби да го стави предлогот на гласање бидејќи премиерот не доставил такво барање да се разгледува а и тој немал безбедносен сертификат за посетите.

Мнозинството реагираше дека Реџепи покажува самоволие и го крши деловникот, надминувајќи ги своите надлежности. Најавија и интерпелација за неговата работа.

СДСМ кои ја поднесоа иницијативата за свикување на седницата, обвинуваат дека случувањата во комисијата било тиранија на мнозинството. Најавија иницијатива за менување на собранискиот деловник.

Директорот на АНБ Бојан Христовски за кого СДСМ тврди дека незаконски бил именуван и го оспоруваат неговото образование и познавање англиски јазик, воопшто не говореше на седницата .

Кога ќе се случи продолжението на седницата е неизвесно.