Стихови од македонски поети објавени во бугарско списание
Во новиот број на бугарското електронско списание „Светлина“ (Сияние) објавени се стихови од македонските автори Љубинка Донева, Петко Шипинкаровски и Тоде Илиевски.
Списанието го уредува Марија Герасова-Спасова, независен новинар од Пловдив, а претставувањето и изборот од поетското творештво на Донева, Шипинкаровски и Илиевски го направи бугарската поетеса Латинка Златна алијас Алтенка Сапунџиева од Ловеч, Бугарија.
Латинка Златна е составувач и преведувач и на петојазичната антологија „Гласови на Балканот“, објавена во 2016 година, каде се застапени поети од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, како и на Алманах на современата македонска поезија – избор од творештвото на македонските поети Борче Панов, Васил Тоциновски, Зоран Јакимоски, Љубинка Донева, Марина Мијаковска, Марта Марковска, Петко Шипинкароски, Ристо Јачев, Славчо Ковилоски, Стела Босилковска, Тоде Илиевски и Христо Петрески.
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора